ММФ повторно ја намали прогнозата на светскиот раст за 2019.
Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) повторно ја ревидираше прогнозата за светскиот раст за 2019 година и ја намали на 3,3 отсто, се наведува во денешниот извештај за светските економски перспективи.
Прогнозата за намален раст се должи на забавувањето на економиите на развиените земји, поголемо од предвиденото, а посебно во земјите од еврозоната. Воедно ММФ предупреди и на обновување на трговските тензии меѓу САД и Кина.
Светската економска активност годинава ќе се зголеми за 3,3 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку во однос на прогнозата дадена во јануари, соопшти ММФ. Прогнозата за раст од 3,6 отсто во 2020 година останува непроменета.
ММФ наведе дека економскиот раст на САД ќе успори повеќе од предвиденото, по што е ревидирана проекцијата на глобалниот раст.