Пуштен во онлајн употреба регионалниот бизнис регистар за Западен Балкан

Регионален бизнис регистар за Западен Балкан (www.bifidex.com) кој ќе обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании е пуштен во употреба.

Порталот на бизнис регистри за Западен Балкан под назив „Размена на деловни и финансиски податоци“ (РДФП) е креиран од Српската агенција за деловни регистри и Централниот регистар на Македонија, а Србија и Македонија се првите земји од регионот кои се приклучија на оваа иницијатива. Поддржан е од ЕБОР, а Фондот за добро владеење на Владата на Велика Британија му додели дополнителни 700.000 евра за натамошно проширување на проектот и за поттикнување на интеграцијата на останатите бизнис регистри на земјите од регионот.

Порталот ќе служи како место за информирање на бизнисмените и инвеститорите, обезбедувајќи пристап до ажурирани информации од националните агенции за бизнис регистри, сите достапни од едно место.

Базата на податоци вклучува над 500.000 компании и нуди информации за сопственикот на компанијата, нејзиното управување, финансиските извештаи, измените во организацијата и слично. На овој начин, на сите заинтересираните страни, ќе им се овозможи да пребаруваат информации за активните компаниите во определен сектор, географска локација или други критериуми.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password