Бренсон: Работата од дома ја зголемува продуктивноста
Милијардерот Ричард Бренсон, основач на технолошката компанија „Вирџин Груп“, на своите колеги им ја откри тајната за поголема продуктивност, но и задоволството на вработените, а станува збор за флексибилни услови за работа.
До тоа сознание, дошол кога и самиот барал работно место, кое нуди такво работно време, со можност работниците да го прилагодат својот распоред на работа, меѓу другото и со работа од далечина, флексибилно работно време или намалени работни часови.
– Бев без работа и тоа не затоа што го немав потребното знаење или искуство, туку затоа што сакав уште еден ден во неделата да поминам со моето семејство, бидејќи ми се роди прво дете – се сеќава Бренсон.
Оттогаш, тој станува жесток заговорник на таа опција, благодарение на која можел да помине време со своите деца во текот на нивното растење. Всушност, на почетокот на неговата кариера, милијардерот работел од неговиот брод, наместо во некоја канцеларија оддалечена од неговиот дом. Се разбира, тоа е привилегија која повеќето од нас ја сакаат, а како од некои од најчести причини за тоа се наведуваат „поголема контрола врз рамнотежата помеѓу работата и слободното време и престанување на губење време на патување до и од работа“.
Но, како што вели Ричард Бренсон, флексибилната работна политика подеднакво е корисна и за компаниите, а тоа го покажува и фактот дека една од најголемите, највредните и најуспешните глобални компании, како што е „Амазон“ и „Епл“, нудат такви работни услови. Покрај тоа, бидејќи работењето од дома, тоа што, според истражувањата, повеќето работници го посакуваат, самата понуда со такви услови ја прави компанијата поконкурентна, смета Бренсон.
– Ако сакате да ги најдете, привлечете и задржите најдобрите можни работници, потребно е да воведете и понудите флексибилни работни услови во својата стратегија за развој на вашата компанија, советува милијардерот. Дополнително, вработените, кои работат со скратено работно време, како и оние кои работат од дома, се многу продуктивни, а и мотивирани, како што беше потврдено од некои работодавачи.
– Реорганизацијата на работата преку воведување флексибилни работни услови резултираше со мотивирани и задоволни вработени, кои се страствени во тоа што го работат – објаснува Питер Хирст, продекан на МИТ „Слоан скул оф менаџмент“.
На сето ова треба да се додаде и придобивката од намалените трошоци, кои се последица на помал деловен простор. Всушност, според основачот на „Вирџин“, „придобивките од флексибилни работни услови се бесконечни“.