Интервју со Кристијан Тимоние: Животот на СЈО зависи од „смртта“ на корупцијата

Најважно е да продолжи реформскиот импулс, што ќе овозможи, кога за тоа ќе дојде време, отпочнување на преговорите во мирна политичка клима. Добро спроведени претседателски избори, без манипулација или нечесни игри, би било позитивен елемент при оценувањето на објективниот напредок на владеењето на правото, не само на хартија, туку и во пракса, кога станува збор за вистинска демократија, вели во интервју за Наслов, Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во Македонија. Тој е амбасадор во последните три години, период со многу турбуленции во земјава.

Тие три години навистина беа обележани со големи промени, кои во целина беа позитивни според европските партнери и Атлантската алијанса. Сите се надеваат дека Договорот од Преспа ќе значи чекор напред кон регионално помирување и продолжување на европската и атлантската интеграција на земјата и на регионот.

27 април беше тажен ден за вашата земја, кога се случи насилство, упадот на вооружени и маскирани луѓе во Собранието. Сликите го шокираа светот – пратеничка беше влечена за коса, лидерот на опозицијата беше со крваво лице, лидер на политичка партија удиран по глава. Ниту еден политички маневар не го оправдува овој бран на насилство.

Што мислите за Договорот од Преспа, доколку истиот беше потпишан од претходната влада, дали би се случиле бомбите, или создавањето на Канцеларијата на Специјалното Јавно обвинителство (СЈО)?

По толку години, ситуацијата се чинеше нерешлива. Требаше политичарите навистина да се заземат за да се направи тој чекор. Поделеното јавно мислење мораше да прифати отстапки и компромиси кои не беа природни. Тоа беше цената за отстранување на пречката која претставуваше кочница на секој напредок кон Брисел и која фрли сенка врз економскиот и политичкиот напредок на регионот.

Двете нешта се различни и не припаѓаат на истата логика. Односите меѓу Скопје и Атина, колку што ми е познато, не беа оправдување за сниманите разговори, таканаречените „бомби” и нивното откривање.

  За СЈО изјавивте: „Можеби треба да се затвори тоа досие.” Зошто?

Можеме само да се надеваме дека таа институција ќе се интегрира во еден нормален судски систем, истовремено зачувувајќи го својот капацитет за борба против корупцијата во минатото, а особено во сегашноста.

Кои се последиците од промената на името на македонската држава во Република Северна Македонија?

Не гледаме дека овој Договор отвора нови проблеми, туку напротив, отвора одлични перспективи за односите со Грција и претставува пример за нормализирање на односите и на други места. Тие ќе ја сменат перцепцијата за регионот, кој од лабораторија за конфликти, станува зона на мир и соработка. Ова е значењето на планот за поврзување развиен од Европската унија во мај минатата година. Поврзаност, обединетост, помирување.

Нацијата, јазикот, тоа се нешта кои допираат до срцето и душата и не станува збор за нивно укинување. Не сум видел или почувствувал дека новото име во длабочина може да промени нешто, дури и ако според нечии мислења кои се однесуваат на двете страни, ова прашање дава чувство на пораз. Ова беше неизбежно, но ако идентитетот е реален и силен, тој не зависи од административните називи. Ќе биде потребно време да се изгради перцепција за заедничка историја, каде што едната страна не ја исклучува другата. Тоа ќе биде обврска за историчарите и интелектуалците да ѝ дадат значење на оваа епизода од големата приказна за балканската разновидност која е составен дел од европската историја.

По ратификацијата на Договорот од Преспа, лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, објави грчко вето за Република Северна Македонија во сите фази од процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Вашиот коментар?

 Тој, исто така, призна дека Договорот сега е вграден во меѓународното право, што е реалност. Европскиот преговарачки процес е нешто друго, но прашањето за името не треба да се отвара во таа прилика, според старата договорна максима уште од римското право која гласи –pacta sunt servanda (договорите мора да се почитуваат), а којашто е во основата и на меѓународното право.

 Какво е вашето мислење во врска со Договорот за пријателството, добрососедството и соработка потпишан со Бугарија?

И понатаму сметаме дека Бугарија ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот европски пат, како што тоа беше за време на нејзиното претседавање со Унијата минатата година. Зближувањето меѓу Софија и Скопје се чини дека поволно се развива, а идејата за заедничка историја наместо оспорувана историја е уште еден добар сигнал за регионот.

Може ли да се соочиме со оспорување на државноста на Северна Македонија?

Државата Северна Македонија, како членка на Атлантската алијанса и во добри односи со сите свои соседи, земја која напредува по патот кон Европската унија, е за нас најдобра гаранција за мир. Од друга страна, руското Министерство за надворешни работи во вторникот, на 19 март, објави дека Руската Федерација ја признала Македонија под новото име „Република Северна Македонија”.

Што мислите за односите меѓу политичките партии во владејачката коалиција? Можни ли се предвремени парламентарни избори?

Најнапред посакуваме функционален парламент во кој се дискутира и се гласаат закони од национален интерес и се одработува агендата што ќе ја забрза европската интеграција. Партиите и народните избраници треба да го бранат националниот интерес и да одлучат дали изборите може ефикасно да ја забрзаат оваа агенда. Нивната енергија треба да биде насочена кон сериозна законодавна активност и без брзање, за да се остави простор за дискусија, амандмани и усвојување на законите кои се консензуални, без уцени или манипулации. Ова особено се однесува на реформите во доменот на безбедносните и разузнавачките служби, кои мора да бидат направени со кредибилитет, притоа имајќи го во предвид минатото и политичката култура на земјата. За да се добие датум за отпочнување на преговорите, ќе се оценува квалитетот и ефикасноста, а не само квантитетот. 

На појадокот во Брисел, во присуство на неговите македонските министри Димитров и Османи, се потсети дека позициите на Париз и Амстердам беа јасни: приоритетните реформи треба да се завршат пред да се добие датум за отворање на преговорите со ЕУ. Ваш коментар?

Франција го очекува извештајот на Комисијата предвиден кон крајот на мај, што ќе овозможи да се процени напредокот направен во областа на корупцијата, правосудството, безбедносните служби и департизацијата на администрацијата. Нема причина да се прејудицира одлука што заедно ќе ја донесат 27-те земји-членки. Сè уште има време да се изгласаат задоцнетите закони со учество на опозицијата за да се постигне неопходното мнозинство. Најважно е да продолжи реформскиот импулс, што ќе овозможи, кога за тоа ќе дојде време, отпочнување на преговорите во мирна политичка клима. Добро спроведени претседателски избори, без манипулација или нечесни игри, би било позитивен елемент при оценувањето на објективниот напредок на владеењето на правото, не само на хартија, туку и во пракса, кога станува збор за вистинска демократија.

 Вашата порака?

Сплотеност и ефикасност околу реформите што ги очекуваат граѓаните, за непристрасна правда, за деполитизирана администрација, за борба против корупцијата и за унапредување на слободата на граѓаните.

 Слободан Томиќ

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password