Немаат работници, па вработуваат пензионери

Хрватска нема доволно работници, и затоа ангажира и пензионери.

Во средината на март скоро двојно се зголеми бројот на пензионерите вработените по четири часа на ден.  Од 5.138, колку беа на крајот од декември 2018 година, на 17 март се регистрирани 8.964 пензионери кои се вратиле на работа.

На почетокот, работењето по 65 години беше атрактивно само за одредени професии, како што се лекари, адвокати, професори и менаџери, но беа потребни пет години, почнувајќи од 2014 година, бројот на пензионери, кои се вратиле на работа, да достигне пет илјади до крајот на 2018 година. Од јануари оваа година бројот на вработени и пензионери експлодира и во два и пол месеци речиси двојно се зголеми во однос на крајот на 2018 година.

Хрватска во 2014 година со закон го овозможи  работењето на  пензионерите.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password