На Гинекологија се роди најголемото бебе родено во државата
Универзитетската клиника за Гинекологија и Акушерство објави информација дека претходниот месец на клиниката се родило најголемото бебе родено во државата.
„Еден мал куриозитет …во месец февруари на ГАК со спонтано породување се роди најголемото бебе родено во државата …машко бебе 5700 г. тешко и 55 см долго“, објавија од Гинекологија.
По објавата на ФБ, ГАК попладнево со соопштението дава повеќе детали за најголемото машко бебе.
– При приемот на пациентката, направена е комплетна евалуација и проценка од страна на докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката. Покрај овој битен податок за раѓањето, мајката целосно беше информирана при што таа само ја потврди нејзината желба породувањето да заврши по природен пат. Доколку би постоело одредена акушерска индикација породувањето ќе се завршело со царски рез, соопштија од ГАК.
Посочуваат дека пордувањето е отпочнато спонтано и дека станува збор за второртка со уредна и редовно контролирана бременост, породена во термин. И првиот плод на мајката бил роден со голема телесна тежина.