Бил Гејтс најави 10 технологии кои оваа година ќе го сменат светот
Тој за MIT Technology Review одвои 10 технологии кои би можеле да го променат светот во 2019 година. Станува збор за технологии од голема важност за светот, но не се толку познати во јавноста како некои други со кои секојдневно се служиме.
1. Подобрување на вештината на роботите кои ќе можат сами да управуваат и манипулираат со предмети.
2. Нов бран на нуклеарна енергија – дизајн на реактори кои ќе овозможат намалување на емисијата на јаглероден моноксид.
3. Крвни тестови кои предупредуваат на прерано раѓање на бебето.
4. Уред или пилула кој ќе може да се проголта и на тој начин да се изврши биопсија и преглед на дигестивниот тракт.
5. Адаптирани вакцини против рак – кои ќе му помогнат на имуниот систем во борба против клетките заразени со тумор.
6. Месо од лабораторија како алтернативно месо кое ќе ја намали емисијата на штетни гасови на индустријата за храна.
7. Техника за апсорпција на јаглероден моноксид од воздух и негово „заклучување“.
8. ЕКГ уреди на зглобови – можност на паметни часовници да ја следат работата на срцето и рано да предупредуваат на проблеми.
9. Санитарии без канализации – тоалетна школка која ќе помогне во борбата против болести и лоши животни услови.
10. Гласовни асистенти базирани на вештачка интелигенција која „природно“ ќе разговара со луѓето.