(ФОТО)Децата кои ги фрли таткото се во болница: Живееле во нехумани услови
Условите во кои живееле четирите деца, кои вчера нивниот татко Јосип Роџак, ги фрли од терасата на куќата на хрватскиот остров Паг, се катастрофални.
Од Центарот за социјална грижа во Задар за хрватскиот портал Index.hr велат дека вработените во центарот оделе во надзор на семејството и дека се било во ред.
Фотографиите од куќата во која живееле децата,а ги објави овој портал докажуваат дека системот не функционира и во какви услови живееле децата. а никој тоја не го воочил и не реагирал.
Полни нокшири со измет и урина во ходникот, расфрлани алишта и предмети, кревети без постелнина, се само некои од глетките што вчера ги затекнала екипата на Index. Во станот има и две патни креветчиња, иако најмалото дете е старо три години, а девојчињата на возраст од 5, 7 и 8 години се преголеми за да спијат во такви креветчиња.
Потсетуваме дека сите четири деца се повредени, откако таткото вчера ги фрли од висина од 6 метри во бетонскиот двор, а најтешко повредено е седумгодишното девојче. Синоќа во тешка состојба е префрлена во болница во Загреб. Другите деца се во задарската болница, а едно девојче денеска ќе биде оперирано.