Пазарџиите при крај со трпението, спорниот закон ќе го изнесат пред Уставен

Попушта трпението на пазарџиите. Најавуваат генерален штрајк, напуштање на тезгите и протестирање по улици. По еден месец од кога се пролонгира законот, ниту се формираа работни групи, ниту се најде некое брзо решени за проблемите на пазарџиите, вели за Алсат Маја Стојановска која е претставник на трговците. Пазарџиите подготвуваат и иницијатива, за оспорување на Закон пред Уставниот суд.

„Кога ќе го земете законот и ќе го протолкувате, секоја одредба ќе видите дека е неправедна за нас. И за пензионери и за регистрирани луѓе, јас како невработена. Секоја точка буквално е против нас“, рече Маја Стојановска, претставник на пазарџиите.

Од групацијата на пазари велат дека мора да има сериозни измени во Законот за трговија на зелените пазари. Според нив мора да се регулира кој може да продава на пазар. Организаторите на пазари не се согласуваат Законот да овозможува Комората на трговци да има  ингеренции и да постапува како државна институција .

„Што се однесува до трговци поединци, до хонорарци, луѓе вработени кои според Законот за работни односи може да работат, пензионери исто, стоиме на ставот дека тие треба да работат. А дефинирање на одредени комори, како закупци на тезги, мислам дека треба самите закупци да дадат легитимитет на коморите и тие да одлучат кој ќе ги застапува и кој ќе им наплаќа“, вели Даниела Михајловска.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека закон мора да има. За да биде добар ке бидат вклучени во неговата изработка сите засегнати.

„Имаме време, Законот е одложен на една година, законското решение нема да биде вакво какво што е, туку во преговори со засегнатите страни ќе го најдеме соодветното решение“, вели Бектеши.

Пазарџиите не се согласуваат да плаќаат нови давачки за добивање на лиценца за работа, но не сакаат да ги загубат и колегите пензионери кои според новиот Закон нема да може да продаваат на пазарите. Законот кој требаше да стартува од нова година властите го одложија за следната година. Трговците бараат негово комплетно укинување.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password