Познат првиот кандидат кој објави дека се пријавува на огласот на СДСМ за претседател

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Д-р Ѓорѓи Филипов, е првиот кој во јавноста објавува дека ќе поднесе апликација за избор на кандидат на претседател на Македонија на конкурсот на СДСМ.

„Почитувани новинари и медиумски куќи, Јас, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, утре, 11 февруари 2019 год., понеделник, ќе поднесам Пријава за кандидат за Претседател на Република Македонија на Отворениот повик за Претседателските избори за 2019 година на СДСМ“ се вели во синоќешното соопштение што го испрати дипломатот.

Филипов денеска ќе одржи прес-конференција за да ги претстави своите замисли пред јавноста.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password