Автобус ѝ ја откина раката: Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ страдаше во сообраќајка
Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на болницата „Др Драгиша Мишовиќ“, во која настрадала познатата водителка на ТВ Оинк, Деа Ѓурќевиќ.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, водителката имала лесна сообраќајна незгода со друг автомобил, а додека излегувала од автомобилот на нејзе налета автобус.
Иако, спрема првичните информации дека на водителката и е ампутирана раката, тоа не се случило тука таа без рака останала откако во нејзе удрил автобусот.
Таа е итно префрлена во болница, а нејзината откината рака ја поставиле во мраз и на сите можни начини се обидуваат да ја спасат за да не остане без нејзе.
Во несреќата учествуваа неколку автомобили, а повредени се три лица.