Царовска: 1,1 милијарда денари за нови работни места
Усвоен е Оперативниот план за вработување 2019 година, издвојуваме рекордни 1,1 милијарда денари за нови работни места – речиси три пати повеќе од 2014 и највисок износ досега, напиша денеска на фејсбук министерката Мила Царовска.
„Оваа година се фокусираме на младите до 29 години, но и на доквалификација, вработување на најранливите категории и поддршка за самовработување. За првпат мерките од Оперативниот план ги работевме заедно со работодавачите и сите засегнати страни, за да одговараат на реалните потреби на корисниците и пазарот за труд, стои во објавата.
Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантирана минимална помош.Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост. Со ОП 2019, меѓу другото, овозможуваме обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.
Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95% реализација.Со него за првпат ја воведовме „Гаранцијата за млади“, преку која се се вработија 1.839 лица. Преку учество во програмата Самовработување, сопствен бизнис отворија 1.191 лица, а една од најбараните беше програмата „Практиканство“, во која се вклучија 1.263 невработени лица до 34 годишна возраст.
Носител на Оперативниот план е Министерството за труд и социјална политика, а неговата имплементација е во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во партнерство со други одговорни институции.