Индустриското производство порасна за 5,4 проценти
Индустриското производство лани зголемено за 5,4 проценти во однос на 2017 година, информира Државен завод за статистика. Во декември пак, индустриското производство е зголемено за 7,9 проценти во однос на истиот месец 2017 година.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај енергија за 23,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 проценти, капитални производи за 2,4 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 проценти, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 проценти.