Филипче смета дека македонската докторка на Хвар греши
Капацитетот на лекарката која замина да работи во хрватското гратче Суќурај, во Хвар нема да биде искористен. Ова е ставот на министерот за здравство Венко Филипче даден во интервју за Радио Слободна Европа.
Филипче смета дека лекарката згрешила што заминала а тоа го поткрепува со тоа што како вели, се работи за мало место со мал број на жители а потенцира и дека во државава се разработува модел што треба да обезбеди здравствена заштита за граѓаните во руралните средини и во помалите општини преку мобилни патронажни сервиси на домашна посета.
Според медиумите, во земјава докторката Војновска работела 11 месеци во село Бојане каде што имала плата од 330 евра.
Таа таму покрај плата и бесплатен стан, од општината ќе има и бонус од 6 728 евра годишно.