Ратификацијата на Преспанскиот договор изгласана со аплауз од 153 пратеници

Со поединечно гласање на сите пратеници попладнево беше изгласана ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент со што и официјално е заокружен легислативниот дел од спогодбата. Ратификацијата е прифатена со аплауз на 153 пратеници кои се изјаснија позитивно од вкупно 300.

Следен чекор што треба да направи грчкиот парламент е да ги извести земјите членки на НАТО дека се повлекува блокадата на приемот на Македонија во Алијансата.

По двата дена дебатирање на пленарната седница денес веднаш се премина кон гласање на Преспанскиот договор. Расправата траеше 38 часа.

Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password