Лозарите најавуваат штрајк ако не им се плати предаденото грозје

Наместо да се подготвуваат за прослава на Свети Трифун лозарите најавуваат штрајкови и блокади на најважниот нивни празник.

Бараат решавање на проблемите со неисплатеното грозје предадено во винарии во 2015 и 2016 година.

Како најголеми должници кон лозарите ги посочуваат  Стефанс Вајнери од Кавадарци и Повардарие од Неготино.

Во првата лозарите предале грозје во вредност од 680 илјади евра но со судските трошоци во текот на годините загубата ја проценуваат на милон евра, додека пак од Повардарие имаат за земање околу 800 илјади евра и не знаат од каде ќе најдат средства за две недели да ги почнат вложувањата во новата производна година

Бараат заштита од државата на производот кој го однеле во винаријата во која сега друг е газда и го продава нивното неисплатеното грозје преработено во вино.

За нивната мака и бедата во која се западнати му пишале писмо и на премиерот Заев од кого бараат помош во заштита на правата и трудот на лозарите и исплата на милионските долгови.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password