Заев: Можеби ќе бидам првиот Македонец кој ќе земе пасош со новото име Република Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување на Алсат-М, говореше за Законот за јазиците и останатите политички случувања во државата.
Како што истакна тој, нема предрасуди кон ниту една етничка заедница во Македонија.
„Јас често кажувам и мои чести примери. Можеби ќе бидам првиот Македонец кој ќе земе пасош со новото име Република Северна Македонија. Јас прв реков „Да живее Република Северна Македонија“. Не му е лесно на нашиот народ, но дава надеж и перспектива“, истакна Заев.