КСС: ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СТАНУВА СОЦИЈАЛНА КАТЕГОРИЈА

согласување на платите со минималната плата и за исплата на К-15 во јавниот сектор. КСС повторија уште еднаш дека се и против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски рече дека нивните барања се уште не се исполнети иако се поминати една година од протестот одржан во Скопје на 17 јануари минатата година и еден месец од последниот протест.

Според Ралповски, јавната администрација е дискриминирана и станува социјална категорија бидејќи просечната плата во јавниот сектор е 18 илјади денари.

– Кога од овие 18 илјади ќе ги одземете храната и превозот, тогаш јавната администрација станува социјална категорија со социјални примања, рече Ралповски.

Од КСС посочуваат дека нивните барања се легитимни и во согласно со законите. Доколку не им се исполнат,  најавуваат нов протест на 26 јануари во Штип.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password