Разврска на секс скандалот, Душко и Јелена се разведуваат!?
Тошиќ веќе контактирал адвокат, не сака милионите заработени од фудбалот да ги дели со Карлеуша.
Фудбалерот на кинескиот Гвангжу нема намера да и ја прости на сопругата Јелена Карлеуша порно аферата со Врањеш .
Популарната пејачка останува без милионите на сопругот.
Тој веќе контактирал со адвокат и има намера да го забрза процесот на разводот за да ги сочува новите 14 милиони долари кои му следуваат од последниот договор со клубот од Кина.
Еден близок пријател и поранешен соиграч на Тошиќ открива дека само неколку часа откако во јавноста се појавиле порно фотките и пораки кои Јелена му ги испраќала на Врањеш, српскиот фудбалер во доверба му побарал контакт со адвокат за разводи.
-Кога целата таа сторија за сексот на Јелена со Врањеш започна сите ние кои добро го познаваме Душко рековме дека се ќе помине како ништо да не се случило, доколку не се појават докази. Сепак, испливаа фотки, снимки, пораки и цела Србија ја виде неговата жена гола со клинец кој во фудбалскиот свет важи за „лево сметало“. Само ден потоа, излегоа и оние пораки во кои таа на љубовникот му зборува дека мажот на ја е.. добро и дека го гледа како брат, а потоа до детали го опишува перверзниот секс кој го сака. Е тука пукна се, раскажал извор близок до Душко за медиумите.
-Само еден час откако на сите можни портали беше објавена преписката на јелена со тој фудбалер, ми ѕвонеше телефонот и видов дека е тој. Знаев дека ме бара за да се распраша за развод и дека „пукнал“. И самиот сум разведен, а добар адвокат ми помогна да го сочувам тоа што сум го заработил и да ги осигурам децата. Пријатели сме десет години и мојот развод го минавме заедно и се шегувавме дека еден ден и тој ќе се разведе. Како што и мислев, ми рече дека планира да стави точка на бракот и дека веќе не може да издржи, дополнил истиот извор.