Трагедија: Македонец почина во близината на Банско, познат неговиот идентитет
54-годишниот Македонец, Панче Костов, вчера починал на паркинг на ски-патеката Кулиното, која се наоѓа во близината на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.
Медицинска екипа дошла на лице место и само констатирала смрт.
Според најблиските, тој во минатото имал срцеви проблеми.
Телото е предадено на обдукција за да биде откриена причината за смртта.