ВМРО-ДПМНЕ ќе тужи, Џафери го обвинува Иванов за непотпишаните закони

Кривични пријави за собранискиот спикер Талат Џафери и директорот на Јавното претпријаите Мартин Костовски за злоупотреба на службената положба најавуваат од опозiциската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Христијан Мицкоски оценуваат дека Џафери и Костовски постапиле незаконски со тоа што ги објавија Законот за употреба на јазиците и ратификацијата на Спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указите од претседателот Ѓорге Иванов.  ВМРО – ДПМНЕ смета дека законот за двојазичност е противуставен. Бараат бојкот за неговата примена.

Дека има основ за кривично гонење на Џафери и Костовски смета и претседателот Иванов. Според него објавата на двата закони без неговиот потпис на указите е противуставно.

„Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото. Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?“ стои во писмената изјава на шефот на државата.

Шефот на државата една година одбива да го потпшише законот за за употреба на јазиците, а шест месеци ратификазијата на Догворот со Грција сметајки ги за противуставни.

Џафери не чувствува никаква одговорност за објавите на законите само со неговиот потпис.

„Секој е должен да го почитува Уставот и законите“ и оваа институција, која е со закон овластена да ги објавува прописите во РМ, своето работење секогаш го остварува во рамките на Уставот и законите и само ја исполнува уставната обврска“, стои во соопштениет  од Службен весник

Од Владата ја поддржаа одлуката на Џафери.

„Иванов беше должен да го потпише указот за прогласување на двата закони, а кога тој одлучува да го крши Уставот, неопходно е да се преземат мерки кои се во согласност со Уставот за да продолжи да функционира парламентарната демократија“, соопштуваат од Владата.

-Објавата на законот заедно со законот за ратификација на договор со Грција е целосно согласно законите. Сметаме дека Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да се надминат и да бидат први кои ќе напишат ВМРО-ДПМНЕ пред нивното седиште и на албански јазик, смета Груби.

Двата закони откако вчера попладне беа потпишани само од страна на Џафери денеска се објавени во Службен весник. На местото каде што треба да стои потписот на претседателот Иванов ставена е фуснота во која има објаснување дека поради неисполнувањето на обврската на претседателот Иванов да го потпише указот, собранискиот претседател ги испраќа законите без негов потпис.

Со законот за употреба на јазиците, покрај македонскиот, и албанскиот јазик станува службен јазик на целата територија. Двојазичноста ќе се применува во сите државни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции,  но и во Уставниот суд,судските постпаки,  во изборниот процес, во личните документи, ознаките во полицијата и одбраната.

Рокот за да почне примената на зкаонот е шест месеци. Доколку органите не ги почитуваат одредбите од законот ќе се соочат со глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра. За примената на двојзичмноста ќе се грижи посебен инспекторат.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password