ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот

Можно е пратеници да побараат измени на Законот за трговија на зелените пазари со кои ќе се пролонгира примената на лиценцирањето на тезгаџиите. Иако законот е на сила дел од владеачкото мнозинство односно пратеници на СДСМ и ЛДП ќе иницираат одложување, но се шпекулира дека ова нема глатко да помине затоа што нема поддршка од сите партнери во мнозинството.

Каков ќе биде исходот ќе се види деновиве иако Собранието сега е во фокусот но по друга работа односно гласњето на уставните измени за кои се кршат копјата.

Пазарџиите преку Стопанската комора побараа одложување на примената и вадењето на лиценците кои чинат 60 евра и кои на Комората на трговци ќе и донесе приход од 1,5 милиони евра затоа што има од 20 до 30 илјади закупци на тезги.

Од Стопанската комора вчера изјавија дека со лиценцирањето се загрозува дејност и дека на таков начин ќе се намали обемот на работа па и прометот. Лиценците инаку веќе се вадат.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password