Танасоски: Вработувањата во Царина се неопходни

Директорот на Царина, Ѓоко Танасоски, вели дека управата од 2015-та нема примено соодветни кадри во своите редови, правдајќи го тридневниот оглас за нови 78 вработувања кој завршува денеска.

Овој „бран“ на отворања на нови работни места под државна капа беше критикуван од јавноста, во чиј оглас препозна непотребен обид за пренатрупување на и онака масовната администрација.

Од 2015-та нема нови вработувања а се зголемија капацитетите на самата Царинска управа во меѓувреме. Огласот е резултат на зголемениот обем на работа. Управата има нови надлежности, а започнуваат и преговорите со Европската унија, така што ова е нормална работа. Огласот инаку трае само три дена затоа што станува збор за врбаотувања на определено време и тоа е според законот. Сакам да ја информирам јавноста дека во огласот не се бараат советници, туку само еден советник – рече денеска Танасоски на прес-конференција.

Премиерот Зоран Заев ги објасни вработувањата со новиот царински процес – едношалтерски систем.

– Овие работници ќе бидат потребни за новите технички аспекти на работата на Царината. Станува збор за неопходни вработувања во администрацијата – рече Заев.

Премиерот додаде дека реформскиот процес во јавната администрација и прераспределувањето на вишокот вработени ќе продолжи без никој да изгуби од истиот.

– Никој нема да го изгуби лебот, туку ќе ја стегнеме администрацијата да биде ефикасна и ефективна онака како што се очекува од истата – дополни тој.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password