Долгот е стабилен, годинава ќе има и ново задолжување

Министерството за финансии ќе го намали темпото за задолжување на домашниот пазар на две аукции месечно, но годинава секако ќе позајмува и дома и надвор за да го финансира буџетскиот дефицит кој е над 17 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска реферираше за годината што изминува и рече дека успеал да го стабилизира растот на јавниот долг. Во текот на 2019 година, иако не прецизираше, можно е да се формира и фискален совет како дел од пошироки реформи во фискалната сфера во земјава. Инаку тој рече дека во 2018 година се направени сет од 10 економски реформи, меѓу кои клучни се даночните реформи, растот на платите и намалувањето на невработеноста.

„Платите заклучно отктомври пораснаа за 5,7 отсто. Невработеноста е значајно намалена и се приближува до 20 проценти. Отворени се над 14 илјади нови работни места. Странските директни инвестиции се значително повисоки во однос на минатата година. Индустриското производство во континуитет забележува добри резултати, додека извозот има двоцифрен раст“, рече министерот.

Според него, годинава е издадена 30 годишна обврзница, и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75 проценти.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password