Градовите се гушат, нема мерки

Jани Макрадули , заменик-министерот за животна средина, денеска најави дека наскоро може да се активираат мерките за заштита против загадувањето.

Загадувањето на воздухот во изминатите два дена во поголемиот дел на Скопје како и во други градови го надмина дозволениот праг, но засега остануваат само препораките до граѓаните, но не и активирањето на мерките.

Според замeник министерот за животна средина, тоа зависи од податоците на мерните станици и од метеоролшките услови.

– Засега, според надминатиот праг, испратени се само препораки, оние стандарди според кои треба повеќе луѓе во едно возило да се возат, да се користи јавниот превоз, итн – рече Макрадули.

Од страна на МЖСПП, е доставена информација за надминување на прагот на загадување до Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.

Последните мерења покажуваат концентрации од 200 микрограми во Центар, 198 кај Ректорат, 174 во Карпош, Струмица 211 микрограми на метар кубен, а Тетово 166 микрограми.

Мерки за заштита од загадувањето се активираат согласно уредбата доколку среднодневните концентрации надминат 200 микрограми на две мерни станици во два последователни денови.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password