Скварча: Сава осигурување нуди онлајн продажба на патничко, домаќинско и осигурување од незгода
Сава осигурување ќе понуди во следниот период нови производи преку веб продавницата како и банкоосигурувањето. Планирано е да се отворат уште две станици за технички преглед со што компанијата ќе има вкупно три, вели во интервју за Наслов, Петер Скварча, главниот извршен директор на Сава осигурување. Годинава друштвото има раст на вкупната премија.
„Кумулативната премија за десет месци годинава изнесува изнесува над 667 милиони денари и е повисока во однос на истиот период лани за повеќе од 15,3 милиони денари или бележи раст од 2,3 проценти. Проценката на премијата за периодот е надмината за над три милиони денари или за 0,5 отсто. Кумулативниот износ на ликвидирани штети со вклучени регреси за периодот до крајот на октомври изнесува 283 милиони денари и бележи пад во однос на лани за 30 милиони денари или за 9,6 проценти. Во однос на проценката на ликвидации за периодот забележуваме поголема реализација за 16,6 милиони денари или проценката е надмината за повеќе од 5 проценти.
Годинава беше добра година и за групацијата, а и на македонскиот пазар. Сава стана сопственик и на Пензиско друштво. Како гледате на овој раст и кои се следните предизвици?
За нас секоја година е полна со предизвици и новини кои не мотивираат да работиме со несмалена посветеност. Тоа не одржува на врвот според иновативноста во работењето, а особено развојот на онлајн продажбата на патничко, домаќинско, осигурување од незгода, автоодговорност кои веќе ги имаме во нашата понуда-со што имаме значајна улога во градењето на култура на онлајн пазарење. Ќе работиме да ја зголемиме палетата на продукти преку веб продавницата, како и банкоосигурувањето. Планираме да отвориме уште две станици за технички преглед со што ќе имаме вкупно три.
Кои се целите за следната година, каква е стратегијата?
Стратегијата на Сава за следната година е да обезбедиме најдобри услуги, во согласност со потребите на клиентите. Како и во изминатите години така и во 2019 година се планира развој на постоечките, како и воведување на нови продукти кои ќе ја зајакнат конкурентската предност на компанијата, при што квалитетот на понуденото покритие останува носечки елемент на развојот. Во технологијата на работењето ќе се имплементираат современи деловни методи и ќе се вложува во знаење и вештини на нашите вработени. Така ќе обезбедиме сигурна иднина за своите клиенти, акционери и вработени. Квалитетот на услугите и потребите на осигурениците секогаш ќе бидат на прво место во работењето на друштвото, а на нашите клиенти односно осигуреници ќе им се обезбедат најдобри услуги, целокупен сервис во поглед на водење на осигурувањето и ризикот. Тоа е стратегија на нашето друштво и гаранција за идниот развој.
Нудите дополнително здравствено осигурување, но и доста други продукти кои ве одвојуваат од конкурентите. Каква е понудата, на што се фокусирате во моментов, на кои производи работите?
Она што е исклучително важно за клиентите и ја издвојува Сава осигурување по високиот квалитет на понудата е поседувањето на сопствен Асистентски центар. Во поглед на здравственото осигурување оваа служба ја презема комплетната организација на прегледите, лекувањето, операциите, односно за онаа осигурена медицинска услуга која што му е потребна на клиентот. Асистентскиот центар е достапен 24/7 на бројот 0800 80 000. Нашиот осигуреник едноставно се јавува на телефон, доставува медицинска документација и со тоа се ослободува од стресот на закажување и организација на медицинските прегледи, бидејќи од тој миг целиот процес станува наша обврска. Освен организацијата на прегледите, наша грижа се и трошоците.
Исто така, значајни се да ги споменеме и нашите продукти АО плус-осигурување на возач која претставува доброволно осигурување наменето за самиот возач, Автомобилска асистенција-при проблем со возилото помошта е само на еден повик до нашиот асистентски центар без разлика дали сте во земјата или во странство, Домашна асистенција- итна интервенција од мајстор во моментот кога ќе се склучи незгодата во домот, Стоматолошка асистенција- итна интервенција од стоматолог. Сите овие услуги се достапни 24/7 преку нашиот асистентски центар.
Посебноста на Сава Осигурување е во иновативноста, користењето на напредни решенија, како и посветеноста на квалитетни производи, креирани според мерките и потребите на нашите клиенти. Фокусирани сме на континуирано пратење на потребите на пазарот и развој на продукти со кои најдобро ќе одговориме на барањата.
И покрај растечкиот тренд, во земјава осигурувањето се уште не е доволно застапено, а тоа го покажуваат и бројките за премија по глава на жител. Каква е моментната ситуација и што очекувате во иднина?
Според последните информации осигурителниот пазар бележи пораст од 6,36 проценти при што во последните три години е забележан највисок пораст во сегментот неживот. Главни генератори во секторот на неживот се порастот на автоодговорноста од 5,76 проценти, кај каското од 3,72 проценти, имотното осигурување има првпат во последните години пораст од 5,46 проценти. Особен пораст има кај приватното здравствено осигурување, за кое очекуваме трендот на пораст да биде се поголем бидејки граѓаните се повеќе се ориентираат кон овој продукт кој им нуди здравствена заштита на повисоко ниво.
Р.Н.