Две понуди за универзален снабдувач беа отворени во Владата
Само две понуди, едната од ЕВН и другата од ЕЛЕМ Трејд беа откриени денеска во Владата како единствени конкуренти за универзален снабдувач на домаќинствата и малите фирми кои нема да сакаат да купуваат струја од либерализираниот пазар на струја.
ЕВН понуди 14,4 проценти бруто-маржа, додека ЕЛЕМ Трејд понудила 14,9 проценти бруто-маржа.
Во наредниот период на еволуација со кој ќе се избере „победникот“ од овие два конкуренти според критериумите на тендерската казна.
Ќе има електронско наддавање со кое ќе се намалува бруто-маржата, а ќе биде избран за најповолен оној кој ќе понуди најмалку.
Крајниот рок не може да биде подолг од 86 дена, сметајќи од денес, но Комисијата смета дека работата ќе биде завршена порано.
Доколку пропадне постапката, Владата ќе спроведе нова.