Повеќе од 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија поради загадениот воздух

Повеќе од 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија поради загадениот воздух! Алармантните бројки, аерозагадувањето го прават “тивок убиец”, рамо до рамо со другите тешки заболувања.

Бројките се уште пострашни на светско ниво. Според Светската здравствена организација, аерозагадувањето за една година убива околу пет милиони луѓе глобално. Проценките се дека од десет луѓе, само еден дише сигурен или безбеден воздух. Д-р Камелија Бушљетиќ, пулмоалерголог од Клиничката болница “Аџибадем Систина”, Скопје, предупредува дека аерозагадувањето ќе доведе до драстично зголемување на бројот заболени на карцином на бели дробови, мозочни удари и кардиоваскуларни болести.

„Се зголемува бројот на заболени од канцер на белите дробови, од Хроничната белодробна опструктивна болест, од мозочните удари, од кардиоваскуларните болести, како и од респираторни акутни инфекции. Секој од нас е во потенцијална опасност за сериозно оштетување на здравјето. Над 2.500 луѓе умираат годишно во Македонија како последица на заболувањата што ги предизвикува аерозагадувањето. Ние може да имаме генетски предиспозиции за одредена болест, но тие нема да се манифестираат без поттикнување на фактори од надворешната средина. А, еден од главните, е аерозагадувањето!”, вели Д-р Бушљетиќ. Таа предупредува дека ситуацијата е алармантна, дека бара поголема свест од граѓаните за проблемот, за да не се троши бесполезно време во обвинување кој е виновен, туку да се бараат нужни мерки.

„Загадувачите ни го бојат воздухот, ретко имаме можност да уживаме во неговата убавина, во неговиот мирис, во бојата на небото. Не знам кога последен пат некому сум му кажала земи воздух со полни гради и уживај во животот. Тоа би значело ризик за животот“, вели Д-р Бушљетиќ.

Загадениот воздух е еден од деветте  фактори во светот кои придонесуваат за високата смртност кај луѓето. На европско ниво,  проценките се дека ако годишно од цигари умираат околу осум милиони луѓе, од загадениот воздух животот го губат околу седум милиони луѓеСекој од нас е одговорен за она што ни се случува, во нашиот град, во нашиот регион.

Д-р Бушљетиќ вели дека 92 проценти од луѓето во светот дишат воздух што е загаден повеќе од дозволеното. Според Светската здравствена организација, во Македонија ПМ-честичките се за три до петпати повеќе од дозволеното.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password