Наташа Габер Дамјановска избрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители
Наташа Габер Дамјановска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за следните четири години.
Одлуката со осум гласови „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“ ја донесе денеска Управниот одбор на Академијата.
Кандидати за директорското место, покрај Габер Дамјановска, беа и Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски.
Првиот човек на Академијата се избира со двотретинско мнозинство од деветмина членови на Управниот одбор.