(ВИДЕО-ФОТО) Леталото безбедно слета на Марс, ова се првите снимки!
Беспилотното летало на НАСА „InSight“ безбедно слетало на Марс за да ја започне својата двегодишна мисија како прв човечки објект дизајниран да ја истражи длабоката внатрешност на таа планета.
Инженерите во лабораторијата „JPL“ во Лос Анџелес објавија дека успешното слетување го потврдиле сигналите испратени на Земјата од еден од двата минијатурни сателити кои се лансирани.
НАСА објави и прва фотографија од Марс.
Леталото слетало на Марс по половина година патување, долго 548 милиони километри, а по лансирањето во мај од Калифорнија.
Како се наведува, леталото носи инструменти кои детектираат температури на планетата и сеизмички појави кои засега не се мереле никаде освен на Земјата.
На Марс „InSight“ ќе помине 24 месеци и ќе бележи сеизмички и температурни податоци како би ги расчистиле мистериите за настанувањето на таа планета, што би можело да го разјасни и потеклото на Земјата и другите цврсти планети во внатрешниот круг на Сончевиот систем.