Неверојатно видео во кое се гледа како ракета ја напушта земјата

Европската вселенска агенција во четвртокот објави ново видео од Меѓународната вселенска станица снимена од астронаутот Александер Герст.

На видеото може да се види „тајмлепс“ снимка од полетувањето на руското вселенско летало „Прогрес МС-10“, лансирано од космодромот Бајкноур во Казахстан на 16 ноември оваа година.

Снимките се речиси нереални и на момент изгледаат како компјутерска анимација. Но Герст, на неговиот твитер-профил потврдува дека станува збор за вистински снимки.

Alexander Gerst

@Astro_Alex

This is real. How a space ship leaves our planet, seen from ISS. / Dies sind echte Aufnahmen. Wie ein Raumschiff unseren Planeten verlässt – von der ISS aus gesehen. Hi-Res: http://youtu.be/ouBfzCgXHgk 

2,735 people are talking about this

Снимките го прикажуваат вселенското летало на пат кон Меѓународната вселенска станица на полукружна патека што ја напушта Земјата. Камерата полека се движи низ лансирањето, се насочува кон вселената и го следи руското летало на кое се наоѓа екипажот.

Ова бил првиот успешен лет на руската ракета „Соујз-ФГ“, што во вселената го носел леталото „Прогрес МС-10“, по проблематичниот обид за летање на 11 октомври. „Прогрес МС-10“ успешно се споил со Меѓународната вселенска станица.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password