Папата Франсис во Македонија во мај

Папата Френсис ќе биде првиот понтиф во историјата што ќе ја посети Македонија, а неговото гостување ќе биде во периодот од 3-7 мај, потврди Алсат, откако претходно аргентински медиум, од каде што потекнува лидерот на Ватикан ја објави веста.

Во делот од турнејата, покрај Македонија, ќе биде и посетата на Бугарија и Романија, објави аргентинската државна новинска агенција Телам, повикувајќи се на извор во Ватикан.

Тоа засега е единственото предвидено патување во Европа на поглаварот на католичката црква следната година.

Инаку традиционално, Франсис како и неговите претходници ги посетуваат поегзотичните земји надвор од Европа каде што христијанската заедница вообичаено е малцинство во истите.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password