Пробиен најдолгиот тунел во историјата на Македонија
Кинескиот „Синохидро“ го проби најдолгиот тунел во историјата на Македонија по четири и пол години работа под превојот Пресека. Станува збор за првиот од двата тунели кои се пробиваат еден по друг при изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Се работи за должина од без малку два километри, или поточно 1.996 метри.
Денес и официјално ќе биде одбележано пробивањето на првиот тунел под превојот Пресека, кој е дел од автопатот Кичево-Охрид. Вториот тунел треба да биде пробиен во наредните неколку месеци.