Заев: Немаме никаков договор со Груевски

Остро и категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес конференција со колегата од Малта, Џозеф Мускат.

– Нема ништо тајно, заткулисно и слично. Пропуст нема направено ниту една институција, единствено ако официјалните гранични премини го пропуштиле или граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи целата постапка и сите резултати од истрагата јавно ќе ги објавиме – рече Заев.

Тој нагласи дека Македонија единствено има иднина ако има казни, а казните мора да бидат испорачани.

– Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека за Македонија е спремен да оди во затвор без разлика што ќе се случи, само да не бидат сите други таргет, е спремен да ја прифати одговорноста и слично, дојде моментот за прифаќање на одговорноста, избега како кукавица надвор од државата, обидувајќи се претходно да добие нови аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Ќе направиме сѐ што е во наша надлежност да го вратиме назад Груевски. Го разбирам гневот кај вас новинарите, постои и кај мене тој гнев. Ако имало нешто што би требало да го направиме претходно, би го направиле. Не дека немало гласини дека може да бега, но не можете да преземете дејствија за некој кој сѐ уште е слободен човек, кој нема упатен акт за во затвор. Досега се потврди владеење на правото до максимум и независноста на правосудниот систем низ еден комплетно транспаренттен процес. Убеден сум дека Груевски ќе се врати назад и ќе ја служи својата казна и ќе биде исправен пред судот да се брани а системот да докаже дека е виновен и за други дела – рече Заев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password