ММФ доаѓа на проверка во Скопје

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од утре до 16 ноември е во Македонија. Ќе се прегледува домашната економија, макроеконмските движења, перспективите, но и економските политики на власта. Мисијата ја предводи Џесмин Рахман.

„Мисија на ММФ, предводена од Џесмин Рахман, ќе го посети Скопје во период од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија, согласно Член 4 од Членовите на договор на ММФ. Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение за медиумите со прелиминарни заклучоци, изјави Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за  Македонија.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password