Заев: Крајна цел на реформите е подобарување на животот на граѓаните
Правосудниот систем, безбедносно-разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против организиран криминал и корупција се областите кои се во фокусот на реформите содржани во Планот 18, кој е изработен во мај, а усвоен на Владата на 30 минатиот месец.
Планот 18 е продолжение на реформите кои беа спроведува со Планот 3-6-9. Со него продолжува усвојување на законите, но во него се содржани сите препораки од извештајот на ЕК. Планот 18 не се фокусира само на политичките критериуми, туку и на економските.
За Планот 18 денеска на брифинг во Владата говорат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевки.
– Целосно сме посветени на реформите. Тоа не е важно само за граѓание, овој процес будно го следи и Европската комисија и од нас ќе очекува резултати. Реформите, кои го отвораме се во областите кои се најавени во конечниот извештај за Македонија, истакна премиерот.