На Дарко Лазиќ повторно му откажаа бубрезите

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ повторно се комплицираше, откако на пејачот му откажа и вториот
бубрег. Откако пред неколку дена излезе од вештачка кома, здравствената состојба на пејачот се подобри.
На Дарко пред операцијата му откажа еден од бубрезите, кој подоцна беше вратен во функција. Но, најнова
вест која ја пренесуваат медиумите, е дека му откажа вториот бубрег, а паралелно со него и првиот. Засега не се знае колку долго Лазиќ ќе биде на дијализа. Според зборовите на еден од лекарите во болница
Земун, до окажувањето на бубрегот дошло поради преголемото внатрешно крварење кое пејачот го имал.
Дарко на 23 октомври по тешката сообраќајна несреќа беше итно примен во болницата Земун. Таму биле
констатирани скршеници на девет ребра, оштетување на белодробното крило, поради што не можел самос
да дише. Се здобил со оштетување на бубрезите, а по операцијата му била извадена и слезината за да се сп
внатрешното крварење кое претставувало огромен проблем.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password