Државата воведува дополнителен данок за приходи над 90.000 денари

Дополнителни 8 проценти данок на доход за примања кои надминуваат 90 илјади денари месечно. Владата од следната година воведува прогресивно оданочување, а мерката денеска ја најавија министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика МИла Царовска. Според првиот финансиер станува збор за реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните.

,,Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценти за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 процент од вкупното население”, рече Тевдовски.

Вели дека ќе има зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.

,,Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата”, истакна министерот за финансии.

Тој кажа дека и во регионот сите го применувале прогресивниот данок, а како пример ја посочи Албанија. Рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави, но и тие го напуштаат. Албанија го замени рамниот со прогресивен во 2014 и од тогаш бележи одлични резултати. Корист од рамен данок имаат само најбогатите, тој беше донесен во Македонија за да им служи на неколкумина.Праведниот данок ѝ оди во прилог на целата економија и на сите граѓани, додаде Тевдовски.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра кои како што кажа министерот ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password