Осум милиони евра награда од ЕК за реформите во секторите транспорт и животна средина

Владата на денешната седница ја
поздрави одлуката на Европската унија да и додели дополнителни
финансиски средства од 8.042.982 евра за секторите транспорт и животна
средина и климатски промени, како награда за добро спроведување на
реформските процеси во процесот на европските интеграции.
На предлог на Секретаријатот за европски прашања Владата ја прифати
Одлуката да ги задолжи сите министерства до втори ноември да ги
достават пополнетите прашалници како содржина за редовниот извештај
за напредокот на земјата што секоја година го изготвува Европската
комисија на ЕУ.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е усвоен и
Извештајот од пристапните разговори за членство на Македонија во
НАТО, одржани на 18 и 19 октомври 2018 година, во седиштето на
Алијансата во Брисел. Согласно планот за пристапување на Македонија воНАТО, следниот чекор по завршувањето на состанокот на ниво на
заменици шефови на Мисии на земјите членки, во формат 29+1, треба да
биде потпишувањето на протоколот за пристапување, по што ќе почне
процесот на неговата ратификација од страна на членките на НАТО

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password