Панчо Минов ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ?
Пратеникот oд ГРОМ, Панчо Минов кој е во коалиција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неговото вечерашно гостување во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 најави дека ќе го прекине неговото членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ако е точна информацијата дека од партијата на вечерашната седница на Централниот комитетет разрешени се потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Костадин Богданов.
-Јас не знам зошто мојот глас бил предмет на шпекулации, бидејќи јас во четири наврати јавно кажав дека ќе бидам против. Дури во расправата во уставната комисија имав иницијатива да прашање од стратешко значење мора во Собранието да не се забетонираме во своите ставови, туку да има усогласување.
„Доколку е точна информацијата, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствувам само како пратеник на ГРОМ сѐ додека Христијан Мицкоски е претседател на паријата“ – изјави Минов.