Комплексот Македонско село се затвора

Благодарност за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години денеска од Комплексот Македонско село упатија на социјалната мрежа Фејсбук. Покрај оваа порака на Фејсбук од менаџментот пишуваат дека од уутре Комплексто престанува да работи.

Причината за оваа одлука не се наведува.

Овој комплекс распослан на 2.000 метри квадратни  во село Нерези во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ официјално ги отвори портите за посетителите во јуни 2016 година.

Комплексот „Македонско село“ е инвестиција на Владата вредна 6,5 милиони евра. Изградбата чинеше 5.2 милиони евра, за внатрешно уредување беа потрошени 1.3 милиони евра, 24 илјади евра беа потрошени за електромобили кои служеа за пренесување на куферите на гостите во селото, 4 200 евра беа потрошени за патоказите и ознаките на комплексот, а 2 700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Со објектот стопанисуваше Компанијата „Тинекс“ која има дозвола за концесионер во следните 18 години, вкупно 20 почнувајќи од 2016.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password