Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“

Поранешниот претседателот на Комисијата за лустрација
Томе Аџиев денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот
„Моќник“.
Случајот „Моќник“ СЈО го најави во март годинава и се однесува за пратеникот Антонио
Милошоски кој бил многу влијателен во времето кога се случил настанот, неговиот татко и
тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод.
За ова дело вкупно се товарат 13 лица.
Според СЈО, пратеникот го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина
Македонски Брод и на неговиот татко да му го продаде објекот во село Ижиште во кое била
сместена општина Пласница и бил сопственик на Република Македонија. Тој ги изманипулирал
советниците и им рекол дека му е даден на 30-годишна концесија на таткото на пратеникот и
дека сака да отвори таму приватен бизнис

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password