Мелита, Сораја и Накова го “запалија” Скопје (ФОТО)
На Александра Накова и српската старлета Сораја Вучелиќ им тргна дружбата! Минатиот викенд старлетите уживаа во Белград, а вчеравечер беа излезени во Скопје, но овојпат им се придружи и поранешната водителка Мелита Ракичевиќ. Дека супер си поминале и сите очи биле вперени во нив потврда се и видеата кои Мелита ги објави на Инстаграм каде танцуваат и наздравуваат со вино.
Сигурни сме дека супер си поминале, а дали оваа дружба ќе има ново продолжение останува да видиме.
Александра Накова, која откако стана мајка се повлече од јавниот живот и манекенството, во последно време се’ почесто е на релација Србија – Македонија, а кога е на гости во Белград нејзина домаќинка е старлетата Сораја со која веќе извесен период се неразделни.
Честопати можеме да видиме и нивни заеднички објави на социјалните мрежи каде една на друга си делат комплименти, а постовите задолжително се проследени со илјадници коментари и лајкови.
Инаку, Накова по завршувањето на реалното шоу „Преживеан” беше блиска другарка и со Станија, но по извесен период се скараа и веќе не комуницираат.
Инаку Накова од нашата естрада исто така е многу блиска со поранешната водителка Мелита, за што сведочат заедничките фотографии што осамнуваат на нивните профили на социјалните мрежи, а најтазе во низата се и фотките од Грција, каде што верните другарки ги поминаа првомајските празници, уживајќи на плажите.
И покрај разликата во годините (која е поголема од една деценија), тие навистина наликуваат една на друга, поради што се наметнува прашањето дали убавиците одат кај ист козметичар, фризер, но и пластичен хирург.