БЕГ: Од понеделник почнува грејната сезона
Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на
централниот систем на топлинска енергија, од 15 октомври (понеделник) ќе почнат да добиваат
топлинска енергија, сѐ до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака,
соопштија од компанија БЕГ.
Во овој период, како што се посочува, испораката на топлинска енергија се врши по строго
утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните
температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина
до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика на Република
Македонија.
Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се
испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат
обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во
домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови на
доволно топло време, кога не е потребно никакво греење.