НБРМ: Зголемени девизните резерви и кредитирањето, растот на БДП помал од очекуваниот
Монетарната поставеност е соодветна на постојните
економски и финансиски услови, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ
на редовната седница и одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на
нивото од 2,75 отсто.
На седницата беше заклучено дека од намалувањето на каматната стапка во август па досега,
не се забележани поголеми промени во трендовите кај показателите клучни за монетарната
политика, како и дека последните макроекономски показатели и оцени кај одредени сегменти
упатуваат на извесни отстапувања во однос на проектираната динамика, кои засега не
предизвикуваат поголеми промени во согледувањата за амбиентот во кој се спроведува
монетарната политика. Констатирано е дека и натаму постојат ризици и од домашното и од
надворешното окружување и оти Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи сите
економски и пазарни показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.
На вчерашната седница, на која беа разгледани состојбите во домашната економија,
движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната
економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.