Македонци местеле фудбалски натпревари во Белгија
Најмалку 44 рации и апсења во Белгија и 13 во странство,
вклучително и Македонија, се спроведени во рамки на истрагите на повеќе белгиски полициски
единици за наместени фудбалски натпревари. Ова е веста што ја соопштија белгиските власти
денеска околу пладне.
Десет белгиски клубови од Лига 1А: Стандард, Андерлехт, Бриж и Генк…. биле под истрага.
Утрово полицијата сѐ уште истражувала во просториите на клубот Стандард од каде биле
конфускувани низа документи. Клубот тврди дека не е загрижен и соработува со истрагата.
Истрагата почнала уште во 2017 година кога полицијата во Белгија била информирана од
страна на единицата за спортски малверзации за сомнеж околу можни наместени натпревари и
сомнителни финансиски трансакции.
Се верува дека менеџерите на некои од фудбалерите биле инволвирани во овие трансакции и
дека криеле провизии од властите и од други инволвирани страни.