ЕПП и се заканил на ВМРО-ДПМНЕ со исклучување

ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од своето
европско семејство доколку продоложи да се однесува неконструктивно кон Преспанскиот
договор, брифираат членови на ЕПП.
ЕПП, Европската народна партија, е најголемата и највлијателната политичка група во
Европската Унија. Во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на
ЕУ и земјите кандидати. Извори во оваа партија објаснуваат за МИА дека однесувањето на
опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизвикала голем гнев кај највисоките челници на ЕПП.
Во неделата, претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, дознава МИА. Дол на „крајно недипломатски и на строг
начин“ го предупредил Мицковски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата
за усвојувањето на Преспанскиот договор, партијата „ќе мора целосно да ја сноси одговорноста
за сите последици со кои ќе се соочи земјата“.
Дипломатите во Брисел стравуваат дека без Преспанскиот договор, Македонија ќе биде
изолирана, политички и економски, и дека се соочува со сериозен ризик од демократско
назадување.
Челници на ЕПП му ставиле до знаење на Мицковски дека една од можните последици со кои
се соочува ВМРО-ДПМНЕ е исклучување од редовите на нивното европско семејствo.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password