Хан : Има закани против пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за Договор

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју
за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против
пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција
во Собранието. Тој од ВМРО-ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот
пристап, и интересите на земјата и на граѓаните да ги стави пред партиските. Додава дека
партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија,
ако не помине Договорот.
– Ова е целосно неприфатливо за партија што вели дека е проевропска, демократска партија,
изјавил Хан.
Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО-ДПМНЕ, но дека
партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите
за интеграција во ЕУ и НАТО.
За еврокомесарот референдумот бил чисто консултативен и огромно мнозинство од граѓаните
се изјасниле „за“.
– Повиците за бојкот сведочат за недостиг од демократска зрелост, рече еврокомесарот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password