Рано утрово битолски Мерцедес на булеварот „1 мај“ каде што се наоѓа дирекцијата на УЈП во Битола, удрил во две паркирани службени возила на управата, објави телевизија Тера.
Едно од возилата завршило во реката Драгар, а другото претрпело помали оштетувања.
Според полицијата, никој не е повреден во сообраќајката. Во мерцедесот кој бил со битолски ознаки имало две лица.