Уапесн крадецот кој правел лом по становите во Аеродрoм
Кривична пријава е поднесена против 32-годишен скопјанец
поради основано сомнение дека сторил една кражба и една тешка кражба и притоа се стекнал
со противправна имотна корист од околу 45 илјади денари.
Кражбите, како што соопшти денеска МВР, ги извршил во станови на улицата „Петар Ацев“ во
Скопје.
Првата кражба се случила на 15 април годинава околу 21:40 часот кога осомничениот А.Н. се
прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена, влегол
во станот каде извршил пребарување, но бидејќи бил затекнат од сопственичката, успеал да
одзеде од дневната соба еден лаптоп по што избегал.
Втората кражба ја извршил на 2 септември кога се прекачил преку прозорецор во којната кој
бил отворен и влегол во станот од каде украл ЛЦД телевизор, мобилен телефон, златен накит
и два паричници во кои имало лични документи и пари.
Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна
куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.
Фатен е на 4 октомври и спроведен во полициската станица во Аеродром.